Гурбиндо потврди дека го напушта Вардар

Едуардо Гурбиндо еден месец се задржа во редовите на Вардар. Шпанскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи кај сонародникот Чаби Пасквал, во Динамо Букурешт.

Гурбиндо кој беше најавуван како еден од носителите на играта оваа сезона, го напушти клубот.

Од Вардар не ги соопштија причините поради кои Шпанецот заминал од клубот, додека играчот за шпанските медиуми рекол дека „не бил задоволен од она што го видел“.

„Она што го видов, не е тоа што го ветија кога преговаравме“, рекол Гурбиндо за „diariodenavarra.es“.

Освојувачот на бронзениот медал со Шпанија, на ОИ во Токио, потврдил дека формалности го делат од трансферот во Букурешт.

Макфакс

20.09.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа