Гваидо повика на протести против властите во Венецуела

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо ги повика синдикатите и здруженијата на протест на 10. март.

Неговиот повик доаѓа како обид за оживување на протестното движење против претседателот Николас Мадуро.

Тоа е прв повик на протест на Гваидо од 11 февруари кога се врати од светската турнеја во која се сретна, меѓу другото, со претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон.

-Ги повикувам сите сектори своите барања да ги претстават на 10 март за да најдеме решение и заедно да отидеме до Парламентот, рече Гваидо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега