Хачинсон: Сите работиме Северна Македонија да стане полноправна членка во декември

Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбрана на Алијансата порача дека се вложуваат сите напори Северна Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември.

-Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е нешто на што сите работиме, но секоја од нашите земји сојузнички има различни барања од својот парламент за да го одобри и потврди зачленувањето на Северна Македонија, изјави Хачинсон денеска.

Во однос на процедурата во американскиот Сенат, таа посочи дека се надева оти ратификацијата ќе се случи ова лето, најдоцна на есен.

-Знаеме дека сите земји ја поддржуваат Северна Македонија, прашање на тајминг е и се надеваме дека до крајот на годината, на нашиот лидерски самит ќе имаме прекрасна прослава за прием на Северна Македонија во нашата Алијанса, изјави амбасадорката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега