Хаг ја соопшти конечната пресуда: Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор

Воениот злосторник и поранешен претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е осуден денеска на доживотна казна затвори пред Жалбениот совет Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал).

Жалбениот совет ја изрече пресудата откако еден час ги образложуваше одлуките по жалбите поднесени од Караџиќ и од обвинителството.

Со провостепената пресуда изречена од Хашкиот трибуна во 2016 година на Караџиќ му беше пресудена затворска казна во траење од 40 години.

Репортерите пренесуваат дека пресудата била проследена со ракоплескање во салата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега