Хале: Тројца повредени по експлозија на плоштад

Три лица се повредени денеска во експлозија на плоштадот на пазарот во германскиот град Хале, јави Ројтерс.

Експлозијата одекнала околу 18:00 часот во јавните тоалети на плоштадот, а две лица се тешко повредени, изјави портпаролот на полицијата. Дванаесетгодишно и тринаесетгодишно момче со тешки повреди се пренесени во болница. Педесет и едногодишна жена е полесно повредена.„Во моментов причината се уште е јасна“, додаде портпаролот на полицијата.

Областа во радиус од 100 метри околу плоштадот е опколена. Жителите околу местото на експлозијата се евакуирани од своите домови.

27.09.2022 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега