Хамас се заканува дека ќе ги погуби заробените Израелци поради нападот врз Газа

Военото крило на Хамас – Бригадите ал-Касам – се заканија дека ќе ги погубат израелските заробеници доколку Израел продолжи да бомбардира и убива цивили во Газа.

„Секое таргетирање на невини цивили без предупредување ќе биде со егзекуција на еден од заробениците во нашиот притвор, а ние ќе бидеме принудени да ја емитуваме оваа егзекуција“, рече Абу Обеида, портпарол на бригадите Касам на Хамас.

„Жалиме за оваа одлука, но го сметаме ционистичкиот непријател (Израел) и нивното раководство за одговорни за тоа“, рече тој.

Хамас објави дека распоредува 1.000 припадници на специјалните единици за напад на Израел, изјави денеска извор близок до групата.

Како што наведе, Хамас се подготвува да го изврши најразорниот напад врз Израел во изминатите децении.

09.10.2023 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега