Хан: Им се извинам на граѓаните зашто не успеавме да дојдеме до решение

Финското претседателство и еврокомесарот за проширување не ја криеја разочараноста од исходот на денешниот Совет за општи работи на ЕУ на кој европските министри не успеаја да постигнат консензус за одредување датум за старт на преговори со С. Македонија и Албанија.

„Сакам рандевуа, но не како ова денеска, ова не беше славен ден за ЕУ, не обвинувам никого… Сега работата е кај Европскиот совет. Денеска договор не беше можен, но огромно мнозинство членки поддржаа старт на преговори, не за првпат, туку за третпат за 16 месеци”, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за општи работи.

Според Хан С. Македонија, па и Албанија ја завршиле домашната задача и презеле болни и долги реформи и затоа сега Европа е таа која треба да возврати.

,,Зборуваме за тамошните граѓани, тие имаат сништа и надежи и ние за нив треба да работиме, а не работиме за интересите на политичарите. Сакам да им се извинам на граѓаните зашто не успеавме да дојдеме до решение” – порача Хан кој, како што вели, се уште има надеж и оптимизам дека врвот на Унијата на состаноците в четврток и в петок ќе ги преземе потребните чекори за враќање на кредибилитетот на ЕУ. Во спротивно, според него, некои други играчи ќе се вмешаат во Западен Балкан и ќе бидат поуспешни од Унијата.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега