Хан: Лидерите да најдат начин да се даде зелено светло

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска на прес-конференција се обрати на македонската јавност за пристапните преговори за ЕУ.

- Секогаш е чест да се сретнам со Заев и со неговите колеги. Сакаме заедно да славиме и мора да се погрижиме Северна Македонија која донесе многу тешки одлуки да оди напред, вели Хан.

Додава дека потребни се мерки за младите да не заминуваат од Северна Македонија.

- Се надевам дека ЕУ ќе ги цени сите мерки и напредокот кој го постигнавте. Не бараме ништо повеќе од зелено светло, вели Хан.

Еврокомесарот вели сите напори кои ги направила Северна Македонија треба да се почитуваат и да се земат предвид за почеток на преговорите.

- Бараме од лидерите да најдат начин да се даде зелено светло за процес кој го загубивме пред неколку години, мора да работиме и понатаму на методологијата. Никој нее совршен, но мора да работиме и на реформите во иднина, вели Хан.

Хан се надева на позитивен исход до крајот на денот или утре.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега