Хан на Твитер: Се надеваме на позитивна одлука за Северна Македонија

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска се огласи на Твитер по прес-конференцијата и средбата со премиерот Зоран Заев.

 

- Секогаш е задоволство да се сретнам со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев во овие критични мигови. Земјата направи се што беше побарано и се надеваме на позитивна одлука, напиша Хан.

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска на прес-конференција се обрати на македонската јавност за пристапните преговори за ЕУ и кажа дека Северна Македонија многу направила.

- Секогаш е чест да се сретнам со Заев и со неговите колеги. Сакаме заедно да славиме и мора да се погрижиме Северна Македонија која донесе многу тешки одлуки да оди напред.Се надевам дека ЕУ ќе ги цени сите мерки и напредокот кој го постигнавте. Не бараме ништо повеќе од зелено светло. Бараме од лидерите да најдат начин да се даде зелено светло за процес кој го загубивме пред неколку години, мора да работиме и понатаму на методологијата. Никој нее совршен, но мора да работиме и на реформите во иднина, рече Хан.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега