Хаос во Белград: Демонстратите ја бутнаа заштитната ограда пред Парламентот (ВИДЕО)

Граѓаните кои излегоа на протест против враќањето на рестриктивните мерки и полицискиот час во Србија ја срушија заштитната ограда пред Парламентот, палат факели, а припадниците на полицијата во еден момент се тргнаа на страна.

Учесниците на протестот се судрија со полицијата, а една група се обидела да влезе во зградата на Парламентот, иако сѐ уште не е јасно дали успеале иако вратите се отворени.

Како што јавува Политика, пред Парламентот е хаос, а демонстрантите на полициските им извикуваат „Кого браните?“.

Српските медиуми јавуваат дека на протестот не се почитува одржувањето на физичка дистанца, а голем дел од нив не носат маски.

07.07.2020 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега