Хаос во Грција: Дрво се срушило врз балкон, летале покриви и цело село е потопено за само пет минути (ВИДЕО)

За време на силниот ураган кој ја погоди Грција повредени се над 100 лица, а загинаа 7 о кои две се деца.

Русинка се наоѓа на вториот крак Ситонија нво селото Неос Мармарис.

„Според прогнозата вечерта требаше да врне. Властите не издадоа никакво предупредување. После 10 часот вечерта буквално за пет минути се спуштија страшни облаци и започна невреме, ништо не се гледаше. Почна да паѓа град и почнаа да летаат кровои и да паѓаат дрва. Само неколку го издржаа силниот ветар“ раскажува таа.

Според неа инфраструктурата е оштетена, на плажите се е однесено и срушено.

„Велат дека најсилниот удар бил на првиот крак, на Касандра. Таму има и загинати, Ситонија е помалку погодена, но овде се е превртено. Никити е потопено“ рекла таа.

Според неа огромно срво паднало покрај нејзиниот хотел, па оштетило и еден балкон. Руските туристи кои штотуки стигнале во Грција се загришени.

„Времето се подобрува, но никој не оди да се капе. Морето е мирно, но нема вода за пиење. Чекаме вода и струја. Се работи на елиминираше на последиците од ураганот, активо се сечат и отстрануваат дрвјата кои се паднати “ изјавила руката туристка.

Таа нагласила дека неколку пати доаѓа во Грција, но вкво нешто доега не видела.

Метеоролозите прогнозираат дожд за недела и понеделник.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега