Хаос во Тетово: Играчите на Вардар нападнати, летаа предмети од трибините (ВИДЕО)

Дуелите меѓу Шкендија и Вардар не може да минат без полемики и провокации. Во денешната победа на тетовчани со 1-0 во возвратниот дуел од осминафиналето на Купот, главна улога имаше Филип Гачевски и момче кое требаше да ги враќа топките во игра

Навивачите на Шкендија постојано навредуваа гостинските фудбалери, најчесто голманот Филип Гачевски, а во 88. минута момчето кое ги враќа топките, го испровоцира гостинскиот голман.

Гачевски се стрча кон момчето, а од трибината зад вардаровиот гол полетаа предмети на теренот, упатени кон голманот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега