Харадинај: Измамникот Курти се предаде на Србија

Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај вечерва оцени дека Албин Курти им се  предал на Србите со одлуката да ги суспендира таксите на увозот на сировини од Србија и БиХ.

-Вечерва измамникот Албин и се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово, напиша Харадинај на Фејсбук .

Харадинај, чија влада ја воведе таксата од 100 отсто кон крајот на 2018 година, му порача на Курти и дека денеска е одговорен за „повторно освојување на Косово од страна на Србија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега