Хари и Меган се откажаа од користење на брендот Сасекс Ројал

Војводата и војвотката од Сасекс од пролет ќе престанат да го користат брендот Сасекс Ројал.

Портапоролот на парот вели дека Хари и Меган, поради правилата на британската влада за користење на придавката „кралски“ одлучиле поинаку да ја крстат непрофитната организација.

Парот се повлече и од официјалното барање за регистрација на брендот.

Претходно оваа недела Хари и Меган соопштија дека на 31. март формално ќе престанат да ги извршуваат должностите на кралското семејство.

Тие најавија дека ќе работат на тоа да бидат финансиски независни. Хари и Меган формално ќе ги задржат титулите, но нема да ги користат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега