Хари не го поканил најдобриот пријател на свадба поради еден коментар за Меган

Најдобриот пријател на принцот Хари, Том Скипи Инскуп го предупредил во врска со Меган Маркл, поради што принцот ги заладил односите, па дури не го поканил ниту на свадба, се вели во најновата книга „Finding freedom: Harry, Meghan and the making of a Modern Royal Family“ (Барајќи ја слободата: Хари, Меган и создавањето на модерно кралско семејство).

Скипи го советувал принцот да не брзо со венчавката и да се обиде прво да живее со Меган за да ја запознае подобро, пишува Телеграф.

Меѓутоа, тој совет на Хари не му се допаѓал од најдобриот пријател.

-Тоа го повреди Хари зашто некој со кој е толку близок не верувал во неговата пресуда, изјавил неименуван извор.

Скипи и неговата сопруга, Лара Хјус-Јанг, се казнети поради советот и се исклучени од свадбата на кралскиот пар. Караницата траела сѐ до минатата година, кога се смириле по смртта на мајката на Лара.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега