Харисон Форд: По мене, никој не може да биде Индијана Џонс

На популарниот актер Харисон Форд не му се допаѓа идејата дека некој друг ќе ја игра улогата на Индијана Џонс по него, пишува „Screen Rant“.

Во интервју за „УСА Тудеј“, Форд беше запрашан кога би сакал да ја види Индијана Џонс откако ќе ја заврши улогата.

„Никој нема да биде Индијана Џонс, разбираш? Јас сум Индијана Џонс. Кога мене ќе ме нема, истото ќе важи и за него“, одговори со насмевка.

Да потсетиме, неодамна беше објавен „Индијана Џонс 5“, филм за кој се претпоставува дека е последен во оваа франшиза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега