Харков е без струја по експлозиите

Три експлозии се слушнале пред да се прекине струјата во вториот по големина град во Украина, Харков денеска, изјави очевидец за Ројтерс.

„Во некои делови од градот нема осветлување. Се разјаснува информацијата за повредени“, изјави во „Телеграм“ градоначалникот на Харков Игор Терехов. Тој пријавил и четврти напад.Терехов рече дека е погоден инфраструктурен објект и рече дека властите работат на враќање на струјата што е можно побрзо.

Соопштението уследи по ракетниот напад врз Харков на 9 септември во кој беа повредени најмалку 10 лица. Украинските власти соопштија дека нападот бил како одмазда за успесите на нивните сили на бојното поле против Русија, потсетува Ројтерс.

27.09.2022 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега