Харви Вајнстајн доби 23 години затвор за силување

Холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн е осуден на 23 години затвор за силување и сексуален напад.

Вајнстајн беше прогласен за виновен на судењето во Њујорк минатиот месец, заокружувајќи ја драматичната пропаст на една од најмоќните фигури во Холивуд.

67-годишникот во средата на суд се појави во инвалидска количка.

Адвокатите на Вајнстајн апелираа на попустливост, инсистирајќи дека дури и минималната казна од пет години за него може да биде „доживотна казна“.

Но обвинителите тврдат дека на Вајнстајн треба да му биде изречена максимална можна казна со оглед на неговата „доживотна злоупотреба“ кон жените и „недостигот од каење“ за неговите постапки.

Вајнстајн денеска првпат се обрати пред судот, велејќи дека „длабоко се кае“, но се опиша себеси како „тотално збунет“ од тоа што се случило, со критичен тон кон движењето #И Мене (MeToo).

Од октомври 2017 година десетици жени јавно го обвинија Вајнстајн за сексуално малтретирање, вклучувајќи и силување.

Тој константно ги негираше злосторствата, а ова беа првите обвиненија што го доведоа до судење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега