Хаварија во „Макстил": Четворица тешко повредени, еден се бори за живот

Едно лице се бори за живот, а неколку се тешко повредени откако хаварија се случила утрово во „Макстил" кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал се откинала и паднала.

Во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ биле донесени четири лица кои се здобиле со повреди додека работеле во “Макстил“, а еден од нив е во животна опасност и е префрлен на КАРИЛ, додека останатите најверојатно се здобиле со телесни повреди меѓутоа се уште се прават испитувања за да се утврди точниот карактер на повредите. Настанот се случил околу 06 часот и 50 минути кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал се откинала и паднала, а стопеното железо предизвикало пожар и ги повредило четворицата работници кои биле во непосредна близина. 

Пожарот сеуште се гасне.

Се очекуваат детали.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега