Хеликоптери ќе го гасат пожарот кај Пехчево - најавена помош и од Бугарија

 Преземени се  мерки и побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и во најскоро време треба да пристигнат два хеликоптери за гаснење на пожарот, истакна градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски по штотуку завршениот состанок на Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.

-Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во  делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е  високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе, изјави Тренчовски.

Ако продолжи со исто темпо пожарот, додаде, и во текот на утрешниот ден имаме најва за дополнителни два хеликоптери за гаснење, како и помош од Словенија.

-Хеликоптерите треба да пристигна за неполни два часа и се надевам дека ќе успееме да го локализираме пожарот. Непристапниот терен и ветерот ја прават ситуацијата лоша, имаме луѓе на терен, а очекуваме да се вклучи и армијата, потенцира Тренчевски.

04.08.2021 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа