Хеликоптерот на ерменскиот премиер принудно слетал на стадион


Хеликоптерот со кој се превезувал ерменскиот премиер Никол Пашинјан принудно слетал на стадион поради лоши временски услови.

Хеликоптерот слетал на стадион во градот Ванадзор, 132 километри северно од Ереван, главниот град на Ерменија, соопшти ерменската влада.

Ерменската влада објави на Телеграм дека Пашинјан со хеликоптерот одел кон градот Ташир на границата со Грузија, 152 километри северно од Ереван.

Принудното слетување било поради лоши временски услови и Пашинјан се чусвтвува добро, јавија локалните медиуми. не е надевено кон каде се упатил потоа ерменскиот премиер.

 

25.05.2024 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега