Хоџа за ново мнозинство во Собранието: Нека завршат локалните избори па ќе видиме како ќе се движи политичката сцена

Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа вели дека соработката со Алијанса за Албанците на локалните избори е ограничена само на нив и не значи соработка и во Собранието. Додава дека за централната власт се одлучува на парламентарни избори. Сепак не ја отфрли можноста токму БЕСА да биде дел од евентуално ново мнозинство кое веќе неколку дена се најавува во медиумите од страна на опозициските партии, пред се ВМРО-ДПМНЕ и АА. Вели, за идните чекори партијата ќе одлучува по завршувањето на локалните избори.
„Легитимитетот за нова влада доаѓа од парламентарни избори. Тоа останува на времето да видиме после изборите како ќе се одвиваат настаните и како ќе се движи политичката сцена после тоа. Сега зборуваме таксативно за локални избори и мислам дека тоа треба да е тема“ – вели Хоџа.
Тој вели дека во ваквите соработки нема ништо чудно и дека на ист начин соработувале со Алијанса и кога партијата на Села била на власт, а тие во опозиција.


26.10.2021 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега