Хоџа: Желино не беше изговор за рушење на власта - ДУИ ја „преполни чашата“

Генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа вели дека случувањата во Желино не се изговор за рушење на власта, но оти „чашата се преполнла“ од ДУИ.

Тој го гостувањето на Алсат рече дека ДУИ од 2002 година продолжува со овој метод на победа на изборите.

Според Хоџа, Желино ја истакнало стандардната манипулација ДУИ.

Во однос на Левица Хоџа вели дека БЕСА ќе коалицира со оваа партија само ако го го почитува патот на евроинтеграциите, како што се Преспанскиот и Охридскиот договор и разговорите со Бугарија.

Зборувајќи за политичката ситуација и за поранешните сојузници од коалицијата, Хоџа рече дека Беса со нив секогаш била коректна, но СДСМ и ДУИ биле тие што не се однесувале коректно.

-СДСМ повеќе ни должеше нам отколку на ДУИ во власта. ДУИ за првпат веќе ја нема во власта, благодарение на нашата опозиција. Беса секогаш била коректна со СДСМ. И ние ја критикувавме ненадејната оставка на Заев, без да се консултира со нас. Го предупредивме и Заев за Желино, но очигледно не го сфатија сериозно. ДУИ отсекогаш сакала да биде над Беса, а тоа не е нормално се додека сме во иста влада, рече Аријанит Хоџа.

 

09.11.2021 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега