Холивуд донесе правилник за снимање на секс сцените во време на корона

Холивуд се подготвува за продолжување на снимање на филмовите по 12 јуни. Усвоен е правилник по кој ќе се одвива снимањето, а потпишан е од страна на повеќе големи филмски куќи.

Документот содржи 22 страници, а еден дел особено важи за романтичните сцени и секс сцените.

Имено, такви сцени ќе бидат избегнувани, преправени и снимани користејќи „CGI“ технологија.

Исто така, актерите и екипата која ќе работи на филмот ќе мора да се тестира на коронавирус и да почитува физичка дистанца.

Според „Дејли мејл“, личната заштитна опрема ќе биде потребна на сетовите, а продукциите на ТВ емисија ќе им биде забрането да користат публика за време на снимањето.

Режисерите и актерите кои доаѓаат на кастинг ќе можат да бидат дел од аудицијата, но наводно позади плексиглас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега