Хонг Конг ги затврара училиштата- зголемен бројот на нови случаи со коронавирусот

Хонг Конг ќе ги затвори сите училишта, како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на локално пренесување на коронавирусот, објави „утринскиот пост на Јужна Кина“.

Повикувајќи се на неименуван медицински извор, весникот наведува дека најмалку 30 повеќе луѓе биле позитивни на коронавирусот.

Во Хонг Конг вчера беа пријавени 42 нови случаи на инфекција, од кои 34 се заразени како резултат на пренесување на вирусот во локалната заедница.

Вкупниот број потврдени случаи во градот Хонг Конг од почетокот на епидемијата е 1.366, а досега починаа седум лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега