Хорор: Маж од Полска четири години чувал жена заробена во штала: Ја запознал на интернет, ја силувал и ја мачел

35-годишен Полјак е осомничен дека држел 30-годишна жена, која ја запознал на сајт за запознавање, четири години заробена во штала, ја силувал и ја мачел, пренесува Телеграф.

Тие двајца се запознале на Интернет, а потоа во 2019 година, сопругата на осомничениот Матеуш Ј. отишла во посета на едно мало село кај Глогово на запад од Полска.

Обвинителите рекоа дека жртвата немала пристап до струја, вода, тоалети или средства за хигиена. Поминала четири години во штала каде што порано имало животни. Никој од соседите на осомничениот не се посомневал ништо.

Жртвата раскажала дека доколку не ги исполнела неговите сексуални очекувања, тој ја тепал, ја мачел и изгладнувал. Наводно, таа се породила во блискиот град Нова Сол, а тој ја принудил да го даде детето на посвојување.

„Не можев да им ја кажам вистината на лекарите. Се плашев, а тој ми се закануваше дека ќе биде полошо ако се пожалам“, вели жртвата. За време на затворањето уште неколку пати била хоспитализирана поради разни повреди. Минатата недела повторно, а потоа ги предупредила лекарите кои повикале полиција.

Полјакот, кој беше уапсен во петокот, ги негира обвиненијата и се соочува со затворска казна до 25 години под обвинение за ментална, физичка и сексуална злоупотреба.

35-годишникот странските медиуми го нарекуваат „Полскиот Фрицл“. Инаку Џозеф Фрицл,беше еден од најозлогласените австриски криминалци, кој 24 години ја држел својата ќерка заробена во зандана под куќата. За тоа време родила седум деца.

 
02.09.2024 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега