Хорор на брегот на Венеција: Шест вооружени лица го убиле капетанот на нафтениот танкер

Вооружени напаѓачи го убиле капетанот  на танкерот за нафта откако се качиле во неговиот брод додека бил укотвен на брегот на источниот брег од Венеција.

Шест вооружени лица влегле во танкерот рано наутро во понеделникот и го застрелале капетанот кој бил државјанин на Колумбија, пренесува „Ројтерс“.

Наредникот на стражата која го чува брегот исто така е повреден, се додава во извештајот.

Криминалот во Венеција стана се поголем проблем за венецуелската нафтена индустрија за време на шестгодишната економска криза, обележана со хиперинфлација и недостаток на основни производи.

Таканаречените пирати често ограбуваат опрема од нафтени бунари во езерото Маракаибо во западна Венецуела, пренесува агенцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега