Хорор во Германија: Доктор избоден до смрт од поранешен пациент


Полицијата го уапсила осомничениот по инцидентот што се случил во понеделникот вечерта.

64-годишен лекар е убиен во клиниката во Васербург ам Ин, во баварскиот кварт Розенхајм, а за убиството е осомничен маж (40), кој е негов поранешен пациент.

Според информациите до кои дојде германски „Билд“, лекарот бил избоден до смрт од поранешен пациент.

Медицинскиот персонал се обидел да му укаже прва помош на лекарот, но тој починал од повредите.

Полициската патрола по немилиот настан случајно поминувала во близина на клиниката и го забележала осомничениот со траги од крв.

Полицајците веднаш пристапиле кон апсење на осомничениот.

Според полицијата, осомничениот маж од северна Германија бил уапсен без отпор. Тој е сместен во клиника во областа Минхен и, според полицијата, сега е под постојан надзор.

Полицијата го пронашла и го одзела кујнскиот нож за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен докторот.

Ангажирани се екипи за интервенција во кризи, кои ќе ги згрижуваат роднините и колегите на лекарот.

09.04.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега