Хорор во Холандија: Татко ги убил малолетните деца, па се самоубил

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во семејна куќа во Дордрехт, недалеку од Ротердам, јавуваат холандските медиуми.

Холандски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави дека полицаец со огнено оружје убил членови на своето семејство, а потоа се застрелал и себеси, пренесува „Ројтерс“.

Според неофицијални информации, полицаецот во понеделникот навечер ги застрелал своите две малолетни деца,тешко ја ранил сопругата, а потоа си пресудил.

Полицијата засега не е во можност да потврди што точно се случило.

Градоначалникот на Дордрехт одговори преку „Твитер“, велејќи дека сочувствува со сите вклучени во инцидентот и најави дека во текот на вечерта ќе го посети местото на пукањето.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега