Хорор во Македонија: Тинејџерка пријавила дека била силувана неколку пати

Деветнаесет годишна жителка на тетовско село, вчера пријавила дека во периодот од јуни до август годинава била неколку пати силувана.

Како што информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. додека престојувала во изнајмен стан во Тетово, врз неа неколку пати била извршена обљуба од 58-годишниот М.М. од тетовско Новаке и од уште едно непознато лице.

М.М, кој и го обезбедил станот и во кој повремено се среќавале, е во СВР Тетово и се расчистува случајот, вели Јосифоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега