Хорор во регионот: Брат го избодел братот

 


Белградската полиција го уапси Ненад Б. (28) под сомнение дека синоќа во куќа во Ковилово се обидел да го убие својот брат Ќ.Б. (27), дознава „Телеграф.рс“.

Несреќниот маж бил примен во Ургентниот центар во Белград со бројни повреди и рана од нож во вратот.

Полицијата пронашла крвав кујнски нож во куќата!

Според последните информации, повредите на Ќ.Б. биле сериозни, но не и опасни по живот!

По наредба на обвинителството, на Ненад му е одреден притвор од полицијата до 48 часа.

Инаку, полицијата досега не интервенирала во ова семејство.

Неофицијално, двајцата мажи биле под дејство на алкохол и дрога.

Се сомнева дека браќата прво имале вербална пресметка, а потоа едниот од нив зел кујнски нож и го избодел другиот во вратот.

Истрагата за овој случај е во тек.

29.08.2025 - 18:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега