Хороскопски знаци кои најлесно ги освојуваат женските срца

И додека некои мажи воопшто не умеат со жени, други многу лесно можат да ја освојат секоја што ќе посакаат. Тие, едноставно, се вешти во флертување.

Според астрологијата, највештите заводници се раѓаат во овие хороскопски знаци:

Овен

Сакаат да бидат мачо мажи на сите животни полиња, па и во љубовта. Освојуваат со класичен, директен пристап, без обиколувања. Мажите родени во овој знак на партнерката ѝ овозможуваат возбуда и задоволство какво што посакува.

Лав

Лавовите по природа се вљубени во самите себе и полни се со самодоверба која не ја кријат. Тие без проблеми можат да освојат жена. Ако е потребно, со недели ќе се трудат околу неа, но со упорноста и стилот ќе успеат да ја освојат. И во кревет овој маж е великодушен, но истото го очекуваат и од партнерката. Лавот дава, но и бара обожување.

Вага

Мажот Вага ќе ве освои со стилот и шармот. Ужива во интимните моменти со партнерката и сака од неа да слуша нежни зборови. Овие мажи се добри љубовници и бараат партнерка која ќе може во сè да ги следи.

Шкорпија

Шкорпиите важат за совршени љубовници и многу жени имаат романтични мечти за таков љубовник, но малкумина можат да одат во чекор со нив. Тие со неверојатна леснотија и брзина го освојуваат женското срце, но секој обид за интимен разговор нема да им биде пријатен. Не се отвораат лесно. Сепак, сексот со нив е повеќе од идеален.

Стрелец

Ако му се допаднете на некој Стрелец, ќе направи сè за да ве освои. Ќе имате чувство како да сте вие единствената жена која ја посакува. Ќе ги задоволи важите сексуални желби со леснотија, но колку и да се искрени и одлучни, понекогаш се безобѕирни па добро е да бидете внимателни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа