Close Menu
    Најново

    ГАК со нов лик: Инвестирани 34 милиони денари во реновирање на 2.000 квадратни метри

    29.12.2025 во 14:39

    Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола: Шестмина повредени

    29.12.2025 во 14:29

    Драма во Виница: Приведен возач кој удрил жена, тврди дека претходно бил нападнат

    29.12.2025 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ГАК со нов лик: Инвестирани 34 милиони денари во реновирање на 2.000 квадратни метри
    • Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола: Шестмина повредени
    • Драма во Виница: Приведен возач кој удрил жена, тврди дека претходно бил нападнат
    • Тепачка во ресторан во Аеродром
    • Лоши вести за возачите: Горивата поскапуваат
    • Мицкоски: Нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата
    • Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е прв пат под 30% во последните 30 години
    • Собранието го донесе новиот Закон за Судски совет: Крај за „тајните“ разрешувања и построги критериуми за избор
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Хотел промаја“: Поранешни функционери во струмичкиот затвор пуштале затвореници на одмор без да ги исполнат условите

    „Хотел промаја“: Поранешни функционери во струмичкиот затвор пуштале затвореници на одмор без да ги исполнат условите

    25.09.2025 во 13:39
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување’’ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

    Пријавениот Б.Ц., извршувајќи ја функцијата директор на установата, и пријавениот В.М., извршувајќи ја функцијата вршител на должноста директор на установата, злоупотребувајќи ја и искористувајќи ја својата службена положба, во повеќе наврати постапиле спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред за осудените лица кои издржуваат казна затор во казнено-поправната установа, односно издале решенија за одредени осудени лица да користат определени погодности, без да биде спроведена постапка која според правилникот треба да се спроведе пред издавање на такви решенија. На ваков начин, Б.Ц. во три случаи на едно лице му овозможил краткотраен излез од установата. Пријавениот В.М., во 32 наврати на седум лица им овозможил краткотраен излез од установата, а во два наврати на две осудени лица им овозможил користење на годишен одмор без да ги исполнуваат пропишаните услови. Исто така, В.М. на четири лица им овозможил распоредување од полуотворено во отворено одделение во установата и покрај тоа што не ги исполнувале условите.

    Пријавениот В.Т., заповедник во Затвор Струмица, од пријавениот В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, без да поседува соодветно образование за тоа работно место, а притоа продолжил истовремено да ја раководи и Затворската полиција, односно да извршува работи на две различни работни места кои се исклучително важни и одговорни и кои се неспоиви.

    Top News
    Популарно

    Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?

    29.12.2025 во 10:32

    Кавадарци: И полицијата се збунила кога видела дека вози толку пијан

    29.12.2025 во 11:54

    Од март повисоки плати за наставниците, потврди Јаневска

    29.12.2025 во 10:59

    Македонија мрзне, утрово измерени -8 степени во овој град

    29.12.2025 во 08:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.