Close Menu
    Најново

    Полицијата откри импровизирана лабораторија за дрога во Гевгелија

    19.12.2025 во 10:53

    Бензинот драстично поевтини по вторпат неделава – ова се новите цени

    19.12.2025 во 10:48

    СДСМ: Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е случајна, станува збор за опасно сценарио

    19.12.2025 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Полицијата откри импровизирана лабораторија за дрога во Гевгелија
    • Бензинот драстично поевтини по вторпат неделава – ова се новите цени
    • СДСМ: Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е случајна, станува збор за опасно сценарио
    • Алармантно загадување во Скопје: Стапуваат на сила итните мерки
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС е во внатрепартиска криза, летатат оставки
    • Возете внимателно: Има густа магла кај Неготино, најавена блокада на патот Берово – Струмица
    • Дневен хороскоп: Важен ден за Стрелецот, нови можности за Водолијата
    • Денеска се слави Свети Никола – обичаите велат да не допирате ножици и ножеви
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Хотел промаја“: Поранешни функционери во струмичкиот затвор пуштале затвореници на одмор без да ги исполнат условите

    „Хотел промаја“: Поранешни функционери во струмичкиот затвор пуштале затвореници на одмор без да ги исполнат условите

    25.09.2025 во 13:39
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување’’ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

    Пријавениот Б.Ц., извршувајќи ја функцијата директор на установата, и пријавениот В.М., извршувајќи ја функцијата вршител на должноста директор на установата, злоупотребувајќи ја и искористувајќи ја својата службена положба, во повеќе наврати постапиле спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред за осудените лица кои издржуваат казна затор во казнено-поправната установа, односно издале решенија за одредени осудени лица да користат определени погодности, без да биде спроведена постапка која според правилникот треба да се спроведе пред издавање на такви решенија. На ваков начин, Б.Ц. во три случаи на едно лице му овозможил краткотраен излез од установата. Пријавениот В.М., во 32 наврати на седум лица им овозможил краткотраен излез од установата, а во два наврати на две осудени лица им овозможил користење на годишен одмор без да ги исполнуваат пропишаните услови. Исто така, В.М. на четири лица им овозможил распоредување од полуотворено во отворено одделение во установата и покрај тоа што не ги исполнувале условите.

    Пријавениот В.Т., заповедник во Затвор Струмица, од пријавениот В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, без да поседува соодветно образование за тоа работно место, а притоа продолжил истовремено да ја раководи и Затворската полиција, односно да извршува работи на две различни работни места кои се исклучително важни и одговорни и кои се неспоиви.

    Top News
    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    Агелер: Прашањето за мигрантите да не се користи за собирање политички поени

    17.12.2025 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.