Хотелиерите одлучија – 20% пониски цени за српските граѓани

Хотелите на Србите ќе им нудат и до 20% поевтини аранжмани на српските граѓани, јавува Алсат-М. Хотелите на охридско-струшката ривиера одлучија цените да бидат пониски од мај до октомври во зависност од периодот на престој.

Целта е Србите да се насочат наместо во Грција да летуваат покрај Охридското езеро.

-По човек дневно, полупансион можат да добијат од 25 евра со појадок и вечера во хотел со 4 ѕвезди. Некои хотели кои се со повисока категорија, можеби ќе бидат за 2-3 евра плус, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Идејата за попуст досега ја прифатиле 90% од хотелите на ривиерата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2021 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега