Хотелска соба се издава за едно евро, но има еден услов поради кој сите се откажуваат

Јапонски хотел Бизнис Ројкан има тарифа за едно ноќевање од 130 јени (едно евро), но под еден услов, престојот во собата да се снима и да се прикажува онлајн.

Во замена за уживање по цена за едно евро во луксузен хотел, гостинот мора да се согласи неговиот престој  да биде емитуван на социјалните мрежи и пред се на јутубканалот на хотелот.

За да прстојувате во овој хотел не мора да бидете познати или да имате некаков перформанс, всушност ја споделувате вашата приватност за една ноќ престој во хотелска соба.

Камерите во собата снимаат постојано, нема мртвии агли, тоалетот и тушот се на катот одоздола. Гостите не смеат да бидат разголени Дозволено е да ја исклучите светлината за време на спиењето. Емитувањето е направено без звук затоа што раководството сака да го зачува почитувањето на авторските права.

На прашање зошто сопственикот се одлучил за ваков чекор, тој одговорил дека собата со број 8 е најмалку резервирана и мисли дека ова би било добар начин да се убедат луѓето да престојуваат во неа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега