Христова: Ова што власта го прави со поскапувањето на струјата е грабеж

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова, на денешната собраниска седница говореше за четирите кризни состојби кои се во тек, од кои, како што рече, нас нѐ засега енергетската и мора да се најде решение како да се надмине.

Во најмала рака, да се ублажи и со тоа да ѝ се помогне на државата но најмногу на граѓаните кои секојдневно се жалат од високите давачки кои паѓаат на нивниот грб.

– Денес втор ден имаме расправа која се однесува токму на енергетиката, поточно, предлог на Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кој ќе се склучи помеѓу Европската банка за обнова и развој и АД Електрани на Македонија во државна сопственост. Намалувањето на трошоците за снабдување на електрична енергија, како и намалувањето на трошоците на граѓаните за плаќањето на истата, треба да ни бидат приоритет, но исто така и заштитата на животната средина и треба да изнаоѓаме алтернативни решенија како тоа да го направиме. Во тој контекст, се согласувам дека меѓу другото треба да ги искористиме сите можни природни ресурси, вклучувајќи го ветерот, водата и сонцето. А со оглед на фактот дека цената на електричната енергија расте од ден на ден во Република Македонија, дојде до тоа да имаме најдраматична ситуација досега во областа на енергетиката и тоа поради празните акумулации во хидроцентралите, честите дефекти на постројките, ископот на јаловина и откривка за ископ на јаглен.
И дојде до тоа да купуваме јаглен од Косово. Бездруго, ЕСМ како решение на сето тоа се одлучи на заем до 25 милиони евра со кои се планира изградба на фотоелектрани. И повторно долго задолжување, повторно удирање по џебот на граѓаните и повторно тапкање во место, рече Христова.

Taa рече дека треба да се користат природните ресурси но не на начин да се полнат сефовите на сметка на други и дека ова што власта им го прави на граѓаните е вистински грабеж со поскапувањето на електричната енергија, кое досега е за 30%, а во најава и ново поскапување кое уште не знаеме колку ќе биде.

01.06.2022 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа