Хрватска и Македонија ги имаат прифатено европските вредности

Хрватска како земја членка на ЕУ и  Македонија како кандидат за членство на чекор до отпочнување на преговорите со Унијата ги имаат прифатено европските  вредности за почитување солидарност и неправење разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници.
 
Националната стратегија за развој на концептот „Еднакво општество за сите“ усвоена пред нова година, треба да придонесе за еднаквоста и интеграцијата на општеството преку интеркултурен дијалог и интеракција помеѓу мноштвото различни култури и идентитети, вклучително и етничките заедници, со што се врши целосно усогласување на меѓународните обврски и препораки на клучните меѓународни организации – ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ.
 
Ова го истакна премиерот Оливер Спасовски во обраќањето на еднодневната конференција насловена „Статус и положба на национални малцинства во Република Хрватска и Република Северна Македонија“ организирана од Заедницата на Хрватите во Северна Македонија под покровителство на Агенцијата за остварување на права на задниците“, во рамки на проект финасиран од Европската комисија.
-Јас сум застапник на ставовите дека правата на граѓаните во демократски уредени држави не се еднаш засекогаш дадени и дека секогаш можат да се унапредуваат. Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. Ќе продолжиме да ги учиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста и недискриминацијата по сите основи се придобивки кои можат уште повеќе да не поврзат, рече Спасовски со уверување дека од конференцијата ќе пропизлезат насоки за унапредување на правата на граѓаните во двете држави како што доликува, вели, на земји со докажано традиционално заемно пријателство.
 
Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ истакна дека двете земји имаат навистина пријателски односи, а мост на пријателството се и заедниците на Хрватите во Северна Македонија и на Македонците во  Хрватска. Изрази надеж дека хравтското малцинство во нашата земја ќе има компатибилна положба со таа на македонското малцинство во Хрвтска и оти со претстваниците на институциите во Северна Македонија ќе пронајдат начин како Хрватите овде да станат интегративен дел од државата и општеството.
 
– Изминатите денови сме сведоци на ангажманот на Хрватска во својство на претседвач со ЕУ и на премиерот Пленковиќ кој на прво место го истакна ангажманот да ги увери европските лидери дека Северна Македонија заслужува да ги отвори пристапните преговори. Во тој дух на пријателски односи и силна и потврдена поддршка на Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија ќе тежнееме и положбата на националните малцинства биде во склад со вкупната политика на нашитите две земји, рече амбасадорката Тигањ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега