Хрватскиот актер дивеел додека го апселе и плукнал кон новинарите - од претприемач изнудувал пари

Хрватскиот актер и поранешен полициски инспектор Леон Лучиќ бил приведен во Општинското државно обвинителство во Карловац, каде го дочекале бројни новинари.

После излегувањето од полициската марица и преку паркингот тргнале во зградата на обвинителството, а на патот до влезот Лучиќ плукнал кон новинарите.

Да потсетиме, на надвозник на автопат кај Драганиќ на 10. јануари М.Д. и негов пријател, поранешен ММА борец, 38-годишниот Марко Шинтиќ се сретнале со двајца вооружени изнудувачи, еден од нив бил Леон Лучиќ, поранешен полициски инспектор и ѕвезда од серијата „Крим тим 2“.

Со него, како што информира полицијата, бил и активен специјалец Лучко Андрија Врховец  кој Синтиќ и М.Д. го препознале како втор напаѓач. Судијата на истрагата му одредил на Врховец еден месец притвор. Двајцата се осомничени за кривично дело изнуда во обид, а Лучиќ дополнително и за кривично дело тешка телесна повреда.

Врховац е оддалечен од службата и против него ќе биде покрената дисциплинска постапка поради тешки повреди на службена должност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега