И Царовска поднесе оставка од СДСМ: Изминатите две и пол години работевме посветено за подобрување на животниот стандард

И потпретседателката Мила Царовска се повлече од функцијата во СДСМ по оставката на првиот човек, Зоран Заев.

Преку социјалната мрежа Фејсбук му се заблагодари на претседателот Заев за укажаната доверба.

-Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности, напиша Царовска на Фејсбук.

Претходно СДСМ соопшти дека со оставкатана Заев и целото раководство на партијата е во оставка.

05.11.2021 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега