И Франција нема да го пушти Ѓоковиќ да влезе без вакцина - ништо и од Роланд Гарос

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) испратила меил до сите играчи дека ако сакаат следната недела да влезат во Франција за да настапуваат на Роланд Гарос ќе мора да бидат вакцинирани.
Ваква одлука донела Франција во неделата а таа ќе почне да се применува од 24 јануари а одлуката ја потврдила и француската тениска асоцијација.
Од таму додаваат дека потврда за прележан ковид или пак присуство на анти тела нема да биде медицински исклучок и дека право на настап на вториот гренд слем ќе имаат само тенисерите кои примиле вакцина.
„Во моментов се уште е неизвесно дали ќе може да се натпреваруваат тенисери кои претходно го прележале вирусот и тенисери кои не примиле барем една доза вакцина. Чекаме дополнителни насоки од француската Влада“ – стои во писмото на АТП.
Тоа ќе биде голем проблем за актуелниот шампион на овој турнир Нова Ѓоковиќ кој одбива да се вакцинира. Поради тоа беше и депортиран од Австралија без можност да учествува на првиот гренд слем годинава.


 

20.01.2022 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега