И на Меркел нема да и биде добро: Во Германија утринава регистриран рекорден број на новозаболени со Ковид 19 од почетокот на пандемијата

Рекорден број на новоинфицирани коронавирусот е регистриран во Германија денес, а тој број надмина 10 000 за прв пат од почетокот на епидемијата.

Според Институтот за инфективни болести Роберт Кох, во последните 24 часа се потврдени 11.287 нови случаи, а 30 лица починале.

Вкупниот број на заразени лица се искачи на 392.049, а вкупно починаа 9.905 лица, пренесува Ројтерс.

Иако стапката на инфекција во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, бројот на новоинфицирани започна да рапидно расте со доаѓањето на постудено време, а официјалните лица најавуваат поостри мерки доколку овој тренд продолжи.

Вчера министерот за здравство Јенс Шпан објави дека е позитивен на вирусот корона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега