И најдобриот задник во светот веќе не е тоа што беше: На инстаграм секси - во живо сосема поинаква

Инстаграм-профилот на латино дивата Џенифер Лопез е преполн со нејзини фотографии на кои акцент на нејзината витка линија и извајаните стомачни мускули. Меѓутоа, се чини дека  за совршената линија на поп дивата е заслужен фотошопот.

Имено, папараците ја „уловиле“ пејачката додека се шетала со својата ќерка, а на фотографиите јасно се гледа дека не изгледа совршено (што е и нормално) и дека реалноста е далеку од она што го гледаме на социјалните мрежи.

Фотографиите со неверојатна брзина го обиколија светот, а веднаш потоа се појавија бројни коментари во кои обожавателите главно ја критикуваат.

На обожавателите на Џеј Ло не им е јасно зошто испраќа искривена слика за себе и зошто „лажно се претставува“.

Џенифер Лопез секако е убава жена, но ѝ забележуваат што не се претставува реално, како што изгледа.

„Дали е свесна колку тоа лошо влијае на помладите генерации. Зошто е срамота да се има опуштен стомак?“, „Социјалните мрежи станаа место каде повеќе никој не личи на себе“, „Секако дека изгледа добро, јас не разбирам зошто толку многу се користи фотошоп“, се само дел од коментарите.

 

20.01.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа