И покрај критиките, Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на „Охридско лето“

По бројните негодувања од јавноста откако беше објавена програмата на фестивалот „Охридско лето“, на која се гледа дека е предвиден и концерт на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, директорката Наташа Петровиќ проговори за „А1он“.

„Во врска со синоќешните реакции на социјалните мрежи можам да го коментирам следново: Програмата на „Охридско лето“ ја подготвуваме цела година и истата е работена по високи стандарди кои оваа наша реномирана манифестација ги негува со децении. Обидот некој да ја компромитира нашата работа и да го наруши угледот сметам дека нема да успее, бидејќи дури и во овие вонредни услови кога живееме во пандемија и битка со Ковид-19, почитувајќи ги сите протоколи, обезбедивме програма која ги зачувува високоестетксите критериуми.

Фестивалот Охридско лето во својата долгогодишна традиција со исклучително богатата уметничка вредност на класичната музика и театарот во рамките на својата програма реализира и настани кои се дел од дополнителната програма, ревијални концерти, со што ја збогатува културната содржина секако запазувајќи ги посебните критериуми на квалитет на изведувачите. Токму оваа година кога славиме 60 години од постоењето на Охридско лето како дел од реализацијата на вакви концерти покрај концертите на македонските уметници е и настапот на Жељко Јоксимовиќ, насловен како „Два света“ со синфониски оркестар од Белград, членови на белградската филхармонија кој пред се има за цел за приреди вистинско уживање и за пошироката публика како што практикуваме секоја година и сметам дека ќе биде висококвалитетен. Другите детали за програмата ќе ги соопштам на прес конференција. Ветувам уште едно успешно издание и покрај новонастанатата ситуација“, одговори Поповиќ на прашањето на „А1он“.

На социјалните мрежи минатите денови се споделуваше годинешната програма на „Охридско лето“, од која на граѓаните најмногу внимание им привлече името на Жељко Јоксимовиќ. Тие коментираа дека на српскиот пејач не му е местото во Античкиот театар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега