И претседателката на Боливија е заразена со коронавирус: „Силна сум, продолжувам да работам од изолација“

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анјез е позитивна на коронавирусот, но како што рекла, се чувствува силно и ќе продолжи да работи во изолација.

„Се чувствувам добро, се чувствувам силно, ќе продолжам да работа виртуелно од самоизолација“, напишала таа на Твитер, пренесува АП.

Во Боливија последниве неколку дена се зголеми бројот на инфицирани, а во таа земја се забранети масовни собирања за да се спречи ширењето на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега