И рекол дека е кумот и земал 10.000 денари - Измамена старица од Скопје

Во 14,40 часот во СВР Скопје, 70-годишната Ј.П. од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот во дворот од нејзината куќа на улицата “Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари.

Имено измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина.

Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега