И Таравари сака еден термин за претседателски и парламентарни избори: Да не трошиме пари и енергија
Претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари е за споени парламентарни и претседателски избори. Тој во гостувањето во Тема на денот на Сител рече дека за мала држава е луксуз за три месеци да се спроведат два пара на избори.
-Како што бев против за ноември или декември да има парламентарни, па во март претседателски, исто мислам дека е нерационално март или април да има претседателски, па јуни или јули повторно да има парламентарни. Значи, и заштедуваме пари и рационализираме и според мене, подобро е да ги имаме заденички. Прв круг претседателски, втор круг претседателски и парламентарни, со тоа и не трошиме пари и не трошиме енергија и рационализираме. Државата не функционира кога има избори. Меѓутоа, за конечна одлука секогаш одлучувале сите партии, секогаш се наоѓало некакво решение и помеѓу партиите од мнозинството и опозициските партии. Повторно мислам дека во овој случај или премиерот или претседателот, посебно премиерот треба да ги собере партиите и да изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо, ако не за сите, за мнозинството политички партии во Македонија, вели Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа