Идентификувани 9 лица: Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Полицијата идентификувала девет лица за спорното видео кое се шири преку социјалните мрежи, а каде се гледа малтретирање на дете во Кочани. Сите тие ќе добијат кривична пријава за „насилство врз дете“.

-Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани, појаснуваат од МВР.

ОВР Кочани презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта.

- Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н. , Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во дописот од полицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа