Играле комар и ги прекршиле здравствените протоколи: Кривични пријави за повеќе лица во Скопје

Во два претреси на полицијата затекнати биле повеќе лица кои недозволено играле комар, а освен тоа ги прекршиле мерките и протоколите за спречување на ширењето на Ковид-19.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР СКопје упаднале во објекти на улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Костурски херои“ по добиени оперативни информации дека незаконски се организираат игри на среќа што се забранети по претходно обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд.

-При претресите затекнати се повеќе лица, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела по чл.398 ,,комар" и кривични дела непостапување според здраствените прописи за време на епидемија" по чл 206 од Кривичниот законик, се вели во дописот од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега