Илиеска: Потребни се суштински политики во образованието

На трибината насловена „Повисоки плати за просветниот кадар” која се одржа денес во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска истакна дека при секоја криза, ние мораме да бидеме неколку чекори понапред и да ги предвидуваме работите кои би требало да ни се случат, односно со следење на трендовите во Европа и светот, истите тие да знаеме како ќе се рефлектираат на нашата економија и држава.

- Во текот на пандемијата како тренд во сите западноевропски земји бројот на вработувањата опадна, имавме многу отпуштања, ненаменско преквалификување итн и тој процент некаде беше во просек од 6%, додека ние бевме лидери за жал со 12%, Албанија со 9%.Само Србија од намалување на пандемијата до ден денес го има достигнато нивото на кое што била до 2019-та. Значи можат да се случуваат работи ако сакаме проблемите суштински а не козметички да ги решаваме. Да се потсетиме на една изрека на Чарлс Дарвин која вели дека не победува оној што е најсилен, не победува оној што е најинтелигентен туку оној кој набргу ќе се прилагоди на промените. Треба да бидеме свесни дека во светот нема никогаш да биде повторно како што беше претходно, да има некоја релативна нормалност, секогаш ќе има некоја криза, но мора ние секогаш да бидеме неколку чекори понапред и да ги предвидуваме работите кои би требало да ни се случат. Со следење на трендовите како во Европа така и во светот, истите тие да знаеме како ќе се рефлектираат на нашата економија и на нашата држава. Од тој аспект, ќе спомнам дека суштинските политики кои го поттикнуваат развојот на приватниот сектор неминовно го зајакнуваат капацитетот и издржливоста при носење на стимулативни мерки во јавниот сектор. Како ВМРО во периодот наназад ги менаџираше овие работи? Прилично успешно и тука би сакала само на некои бројки да се задржам: Ако ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2007-2016 во приватниот сектор имаше зголемување на број на вработувања плус 180.000 лица, СДСМ во овие 4 години тоа го направила со нови вработувања од само 24.000 лица. Периодот е различен, но навистина ако и по година го поделиме, ќе видиме дека има голема разлика и теретот кој што го носи јавниот сектор на приватниот сектор, во годините кога ВМРО било на власт било со намалување на бројот на вработени во јавниот сектор од 26.000 лица а додека во овие неколку години од 2018 до 2021 СДСМ ги зголемила на плус 30.000 лица. – истакна Илиеска.

Илиеска додаде дека нешто на кое мораме да обрнеме големо внимание е иселувањето на квалитетните кадри од Македонија во светот, но најчесто во европските земји.

- Изразен беше одливот на медицинскиот персонал, на лекарите и медицинските сестри, но ако анализираме малку и ги следиме трендовите кои се случуваат во западноевропските земји е спротивно на она од образовниот сектор да одат во приватен сектор. Таму, во западно европските земји имаме одлив на кадар од приватен сектор со прилично кратка доквалификација во образовниот сектор. Тоа е затоа што има голем недостаток на кадар посебно во природните науки и тие кадри во образовните сектори во западноевропските земји им се прилично потребни.
Клучно е прашањето дали Македонија е доволно богата да ги финансира развиените европски држави со готов високообразован кадар, како и квалитетен човечки потенцијал кој нас насушно ни е потребен за сопствен раст и развој – додаде Илиеска.

17.04.2022 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега